Какао бисквит со ф`стаци

Навистина едноставен рецепт, а да бидеме искрени создава зависност(до толку е добар). Фин начин да се искомбинира вкусот на какао и ф`стаци. Јадеш и се чувствуваш како рок ѕвезда... Профи. Еден час за подготовка, ќе има доволно за околу 8 лица да пробаат по две три парчиња, со околу 100 калории во секое парче.

Прочитај повеќе
  1. Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени Целзиусови, а садот за печење обложете го со хартија за готвење и исчистете ги ф`стаците од цврстата надворешна лушпа. Ставете го путерот да омекне на собна температура.
  2. Во средно длабок сад измешајте го брашното, какаото во прав, прашокот за печиво и солта. Додадете ги и ф`стаците и промешајте повторно.
  3. Во друг подлабок сад со миксер на мала брзина мешајте ги путерот и шеќерот околу 1-2 минути. На крај, скршете го внатре едното јајце, накратко рачно промешајте , па додадете го второто јајце и повторно рачно измешајте.
  4. Додадете ја и сувата смеса со брашно од претходно и миксирајте на мала брзина да се формира тестото.
  5. Со раце извадете го тестото од садот и на работна површина одвојте 2 или три приближно еднакви парчиња, од кои ќе формирате долгнавести средно дебели форми. Би требало да добиете должина од 20 и ширина 4 центиметри. Вака формираните парчиња ставете ги во садот за печење во кој е поставена хартија за готвење.
  6. Во веќе загреаната рерна печете околу 20 минути. Откако ќе се потпечат дваесетина минути извадете ги малку да се оладат(колку да можете со рака да и фатите) и со нож за сечење леб исечете ги накосо на парчиња широки околу 1,5 центиметри. Вратете ги во садот за печење, фино распоредени, а ќе ги потпечете 3-4 минути. Потоа само превртете го секое парче од другата страна и повторно потпечете 3-4 минути.

0 коментари

Луѓе на кои им се допаѓа рецептот

Опис