Пченкарен леб со лути пиперки

Овој леб може да се користи како прилог со пиво или соодветно силни коктели, како прилог со месо на скара и сосови. Целата подготовка не би требало да во одземе повеќе од 90 минути. Лебот многу заситува, но затоа пак ве тера повеќе да пиете течности за време на оброкот(пиво, вино, вода и тн)

Прочитај повеќе
  1. Исчистете ги семките од пиперките и ситно исечкајте ги. Путерот растопете го во соодветно тавче. Во подлабок сад за месење кратко изматете ги јајцата и додадете го јогуртот и веќе растопениот путер. Пченкарното брашно додадете го во смесата во садот за месење, заедно со прашокот за печиво и солта.
  2. Кромидот излупете го и исечкајте го ситно. Пропржете го во тавчето во кое претходно го растопивте путерот, откако ќе додадете една лажица масло за јадење. Вака подготвениот кромид додадете го во садот за месење, заедно со пченката и изрендајте го пармезанот одозгора. Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени.
  3. Тестото убаво размесете го, да се добие хомогена смеса. Потоа, садот за печење (димензии околу 30х20 цм) намачкајте го со една лажица масло за јадење и распоредете го тестото. Печете околу 45-50 минути на температура од околу 180 степени.
  4. Откако убаво ќе се испече лебот, извадете го од рерна и оставете го во истиот сад околу 15 минути, а потоа извадете го на решетка или даска целосно да се излади и послужете.

0 коментари

Луѓе на кои им се допаѓа рецептот

Опис