Потпечени сендвичи со мелено месо

Имате малку мелено мевце, неколку кришки бајато лепче,некое фино кашкавалче и младо кромитче. Е сега, се подразбира дека кашкавалчето треба да е млечно, зашто друго и не постои(растителниот е само добро маскирана пластика, за бизнис с`е ќе измислат). Ви се пријадува а и време многу немате. Епа рецептчево е како за вас, испробано е минатата недела(зашто на никој не му се одеше до продавница по топлото). Ние употребивме гауда(тоа ни се најде), но може да употребите и други кашкавали/сирења што се топат, освен можеби моцарелата. Нејзиниот вкус е преслаб за силното присуство на мевцето, па така најдобро одете со кашкавал/сирење со посилен вкус. И така.... Се е готово за максимум 15 минути, со околу 400 калории.

Прочитај повеќе
  1. Загрејте тава(би било одлично со порцеланска површина), додајте го маслиновото масло да се загрее. Исецкајте ги младите кромитчиња и заедно со меленото месо ставете ги во тавата со загреаното масло.
  2. Пропржете ја содржината од тавата околу 5-7 минути, додека месото не добие кафеавкаста боја и додадете сол и црн пипер по вкус.
  3. Ставете по едно парче кашкавал на две од парчињата леб, а одозгора над кашкавалчето со лажичка распоредете го месото. Потоа ставете ги одозгора преостанатите две парчиња кашкавал и поклопете со останатите две кришки леб.
  4. Со лажичка премачкајте го путерот врз двата сендвичи однадвор, од обете страни.
  5. Избришете ја маснотијата од тавата и ставете ја на среден оган.
  6. Ставете ги сендвичите во тавата и потпечете ги по 3-4 минути од обете страни, додека кашкавалот внатре не се растопи а однадвор лебот да добие светлокафеава боја.

0 коментари

Луѓе на кои им се допаѓа рецептот

Опис