Потпечен карфиол со лукче

Рецептов е многу едноставен, за кој не се потребни егзотични производи. Карфиол лесно се наоѓа, како и останатите состојки. . Доколку точно го следите рецептот, вкупното време за подготовка не е повеќе од 40 минути, треба да добиете доволна количина за 4 лица, со 180 калории по човек. Одлично предјадење, лизга со соодветно бело винце или пиво.

Прочитај повеќе
  1. Вклучете ја рерната да се загрее на 220 степени. Во меѓувреме, излупете и истолчете го лукот, а карфиолот откако ќе го измиете, исечкајте го. Најдобро е големината на парчињата да е идентична со „цветчињата “ од кои е составен карфиолот. Изрендајте го пармезанот(доколку е цело парче) и исечкајте го магдоносот(треба да добиете околу 1 лажица магдонос).
  2. Со една лажица маслиново масло намачкајте го садот за печење. Во садот додајте го карфиолот и останатите 3 лажици маслиново масло и лукчето. Додадете сол и црн бибер по потреба и убаво измешајте.
  3. Карфиолот во садот ставете го да се пече 25 минути и притоа неколкупати промешајте. Потоа наросете ги пармезанот и магдоносот одозгора и вратете го во рерна уште неколку минути, додека да добие златно-кафеава боја.

0 коментари

Луѓе на кои им се допаѓа рецептот

Опис