Паштета од пилешки џигерчиња

Рецептов се подготвува за 25-30 минути, плус десетина минути за ладење. Тука кај нас нема некоја традиција за подготвување домашни паштети, но во денешно време, кога има илјадници продукти за храна по маркетите и пазарите, заедно со еден куп кујнски помагала плус интернетот (како одлично средство добро да се информирате за сите прашања околу храната) ..... Едноставно не можевме да одолееме да го пробаме овој рецепт. Домашно си е домашно, сами си знаете што содржи и како е подготвено. Важно е да имате поголем блендер(инаку ќе треба на два три пати да ја повторите постапката) и добро да се потрудите шри изборот на виното. Слободно одберете вино кое е најблиско со карактеристиките на Marsala виното(вино кое се послужува како аперитив и не е бело). Наместо пилешки џигерчиња можете да употребите џигерчиња од патки.

Прочитај повеќе
  1. Излупете го лукот и крупно исечкајте го. Исто исечкајте ги ливчињата од свежа жалфија, само оставете неколку цели за декорација. Џигерчињата крупно исечкајте ги. Стопете околу 50 грама путер во тава со дебело(или двојно) дно. Додадете ги исечканите пилешки џигерчиња во путерот на среден оган, додека однадвор добијат кафеавкаста боја, а одвнатре да се розеви. Потоа тргнете ја тавата од рингла.
  2. Џигерчињата ставете ги во блендер(ако не ги собира наеднаш може и на два-три пати). Сега ставете ја целата смеса од џигерчињата во блендерот и додадете го лукот, сечканите ливчиња жалфија и преостанатиот путер(оставете на страна околу 50 грама, за на крај од рецептот) . Додадете сол и црн пипер по желба.
  3. Истурете го Marsala виното во тавата и измешајте го со дрвена лажица, додека не го изгребете заостанатиот талог од дното на тавата(остатоците од пржењето на џигерчињата). Потоа содржината ос тавата измешајте ја со смесата во блендерот. Блендирајте додека не се изедначи целата смеса. Додадете ја павлаката и повторно накратко блендирајте. Добиената паштета со лажица распоредете ја во неколку садчиња за сервирање и така оставете ја целосно да се излади.
  4. Тие педесетина грама путер кои ги одвоивте настрана стопете ги на тивок оган во тавата. Истопениот путер истурете го врз паштетата во секое садче за сервирање. Додадете ги одозгора и ливчињата жалфија. Почекајте да се излади до собна температура и потоа секое садче прекријте го со најлонска фолија. Така спакувани, садчињата ставете ги во фрижидер да отстојат еден час.

0 коментари

Луѓе на кои им се допаѓа рецептот

Опис