5 корисни тајни за во вашата кујна

Дознајте дали вашите јајца се свежи


Ако не сте сигурни дали вашите јајца се свежи или расипани, ставете ги во чаша вода и набљудувајте.
Ако потонат се свеши, инаку се расипани.

Продолжете ја свежината на зеленчукот

Наредете неколку листови хартија за бришење раце на полицата каде што ви стои зеленчукот. Тие ќе го апсорбираат вишокот на влага  кој е главен кривец за скапување на вашиот зеленчук.

Не трошете повеќе лимон од потребното


Ако ви се потребни неколку капки на лимон, избегнувајте да го исечете лимонот на половина - ќе се исуши непотребно. Наместо тоа, пробушете едно до две дупчиња со вилушка или чепкалка и исцедете точно колку што ви е потребно!

Не дозволувајте да се исуши вашиот кашкавал


Спречете го сушењето на кашкавалот со тоа што ќе го намачкате со малку путер или маргарин од страната каде што е сечен и ќе ја задржите влажноста.

Зачувајте ја вашата сол од згрутчување


Ставете неколку зрнца ориз во вашето соларниче за да го спречите формирањето на грутки. Оризот ја апсорбира кондензираната влага која формира грутки во вашата сол!



0 коментари